Охридската полиција денеска го лишија од слобода З.С.(52) од Охрид. Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на улицата „Даме Груев“ во Охрид, предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.