сабота, февруари 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен охриѓанец осомничен за грабнување – барал пари да ослободи три члена...

Уапсен охриѓанец осомничен за грабнување – барал пари да ослободи три члена на семејството на сограѓанин

112

На 18.05.2025 во 00.50  часот на булевар „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување” по член 141 од Кривичниот законик.

Имено, тој претходно е пријавен во СВР Охрид дека при телефонска комуникација со Џ.Д.(36) од Охрид побарал и примил пари за да ги ослободи сопругата, малолетната ќерка и бабата на Џ.Д.

СВР Охрид, по насоки на јавен обвинител, презема мерки за целосно расчистување  на настанот, по што против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ИЗДВОЕНИ