сабота, февруари 14, 2026
Дома БАЛКАН Уапсен младич осомничен за испукан проектил од рачен ракетен фрлач во ресторан...

Уапсен младич осомничен за испукан проектил од рачен ракетен фрлач во ресторан во Белград

304

Полицијата во Белград го уапси В.Д. (19) под сомнение дека на 21 јули, околу 3:40 часот наутро, испукал проектил од рачен фрлач во ресторанот „Милошев конак“ во Савски Венац, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Нема повредени, иако обезбедувачот бил во ресторанот, кој во тој момент не работел, а проектилот ја оштетила фасадата.

Осомничениот се товари за сторени кривични дела предизвикување општа опасност и недозволено поседување и носење експлозивни материи.

Нему му е одреден притвор до 48 часа и веќе е приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.

Претходно, Вишото јавно обвинителство објави дека е испрашуван Вељко Д. (19), осомничен дека испукал проектил исполнет со експлозив од воен рачен ракетен фрлач РПГ-7 во ресторан на улица Топчидерска и ја оштетил фасадата.

По испрашувањето, обвинителството му предложи на судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Белград Вељко Д. да биде притворен за да се спречи повторување на делото во краток временски период, како и за да се спречат јавни немири.

ИЗДВОЕНИ