четврток, јануари 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен маж од гостиварско, лажно пријавил кражба на злато од неговиот дом

Уапсен маж од гостиварско, лажно пријавил кражба на злато од неговиот дом

21

Маж од Добридол е упасен за лажно пријавување кражба.

– На 28.01.2026 година во 14:55 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б. Ј. (52) од село Добридол, поради основано сомнение декa претходниот ден во ПО Галате лажно пријавил тешка кражба, извршена во неговата куќа во с. Добридол, каде што, наводно, според пријавеното, непознати лица влегле преку прозорец од тоалетот и одзеле злато и пари, информираа од полицијата.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

ИЗДВОЕНИ