Уапсен маж од Флорида под сомнение дека пометнал пожар во Лос Анџелес во кој 12 лица го загубија животот

22

Мaж од Флорида е уапсен под сомнение дека предизвикал смртоносен пожар во населбата Пацифик Палисејдс во Лос Анџелес, во кој животот го загубија 12 лица, потврди денес службено лице запознаено со случајот, пишува Ројтерс.

Осомничениот се соочува со три федерални кривични обвиненија, а апсењето се случи по обемна истрага од страна на Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF), Противпожарната служба на Лос Анџелес (LAFD) и локалната полиција (LAPD).

Детали за мотивите и идентитетот на уапсените сè уште не се објавени.

ИЗДВОЕНИ