Уапсен газдата на „Марковски Компани“ и поранешни директори на РЕК „Битола“

547

Финансиска полиција го уапси Борче Марковски, сопственик на „Марковски Компани ДООЕЛ“ од Битола и конзул на Белорусија во Македонија. Според неофицијални извори, Финансиската полиција го сомничи Марковски за местење тендер од околу 100 милиони денари или 1,6 милиони е вра од државниот буџет.

Во акцијата Финансиска полиција уапсила и директори на енергетскиот комбинат РЕК Битола.

Компанијата „Марковски Компани ДООЕЛ“ стана најпозната по своите милионски договори со РЕК „Битола“, најголемиот енергетски капацитет во државата. Марковски во јавноста е познат и како почесен конзул на Белорусија во Македонија.
Од АД ЕСМ вчера преку соопштение ја информираа јавноста дека ниту еден член од тековното раководство на РЕК „Битола“ не е приведен, ниту е инволвиран во тековната постапка.

– Приведените лица се дел од поранешното раководство на РЕК „Битола“, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата. Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба – велат од АД ЕСМ.

ИЗДВОЕНИ