Уапсен ексдиректор на матично во чие време имашe најмногу згрешени изводи

1033

Полицијата под раководство на Обвинителството за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во акција за сузбивање на финасиски криминал го уапси Бујар Дардишта, ексдиректорот на Управата за водење на матични книги, во време на владеењето на ДУИ. Според информациите од истрагата Дардишта се сомничи за перење пари, а полицијата изврши претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово. Заедно со Дардишта се уапсени уште неколкумина.

За време на неговото директорување во Матично се случи да има најмногу згрешени изводи на родени, умрени или венчани. Дополнително Државниот завод за ревизија во последниот извештај за Управата утврдиле дека дошло до драматичен раст на трошоците за дигитализација, така што првично планираните 13,1 милион денари скокнале на над 157 милиони денари, што било за 12 пати повеќе од планираното. Медиумите пишуваа и дека Дардишта склучувал милионски договори со штотуку формирани фирми, а пред неколку години финасиската полиција поднела и кривични пријави до обвинителството.

 

ИЗДВОЕНИ