Шпанската полиција го пронајде навивачот што се закануваше дека ќе ги убие шпанскиот репрезентативец Алваро Мората и неговото семејство откако тој промаши пенал во финалето на Лигата на нациите. Станува збор за 19-годишно момче од Малага.

Беше утврдено дека тоа испратило закани од својот профил на социјалните мрежи до Мората и до членовите на неговото семејство, па дури и до неговите деца, веднаш по финалето во кое беше поразена Шпанија од Португалија, по изведувањето пенали.

Пораките ја вознемирија јавноста и брзо стигна осуда против гореспоменатиот навивач, кој два дена подоцна, во обид да ја отфрли одговорноста, отиде во полиција и пријави дека некој му го хакирал профилот и дека тој не е оној што му ги испратил заканувачките пораки на Мората.

Сепак, полицијата брзо утврди дека не е хакиран профилот и дека лицето зад него е она што пријавило за хакерски напад на својот профил на популарната социјална мрежа.

Во меѓувреме, полицијата пресретнала дел од разговорите на младиот човек на мобилен телефон и, по анализата, утврдила дека тој дефинитивно стои зад заканите кон Мората.

  • Овој вид однесување стана нормален во одредени области како што е спортот, поттикнат од анонимноста што ја обезбедуваат социјалните медиуми и од брзината со која се шири – соопшти полицијата.

 

ИЗДВОЕНИ