Уапсен е поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, објави „360 степени“, повикувајќи се на извори од истрагата. Случајот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а од МВР потврдуваат за апсење на лице со иницијали Ф.С. и за денеска најавуваат повеќе информации околу причините за неговото лишување од слобода.
Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен правобранител на Република Македонија од август 2018 до 2022 година. Државното правобранителство е институција задолжена за правна заштита на државата и нејзините имотно-правни интереси, како и за застапување на државата во судски и други правни постапки.












