Уапсен Британец поради хакерскиот напад што ги запре летовите низ Европа

11

Британската полиција денес објави дека привела маж во рамките на истрагата за ransomware нападот на софтверот на компанијата „Колинс Аероспејс“ (Collins Aerospace), во сопственост на РТХ, кој предизвика значајни пречки во функционирањето на европските аеродроми.

Националната агенција за криминал (НЦА) изјави дека маж на возраст од 40 години е задржан во вторникот под сомневање за прекршувања според Законот за злоупотреба на компјутери и пуштен со гаранција, пренесоа британските медиуми.

„Иако ова апсење е позитивен чекор, истрагата е во рана фаза и сè уште е во тек“, изјави заменик-директорот на Националната агенција, Пол Фостер.

Сеуште не е разјаснето која криминална групација се наоѓа зад хакерскиот упад од минатата седмица, а НЦА не откри дополнителни информации.

„Ransomware“ е вид на софтвер кој кибер-криминалците го применуваат за кодирање на информации и барање откуп за нивно враќање. Бандите кои ја користат оваа техника обично делуваат прикриено за да го избегнат надзорот на органите за спроведување на законот.

Нападот врз „Колинс Аероспејс“ е најнов во низата сајбер инциденти во Европа со значителни деловни импликации.

ИЗДВОЕНИ