Уапсен 40-годишник во Прилеп, кој во домот имал муниција и пиротехнички средства

30

Прилепската полиција вчера го уапсила четириесетгодишниот П.В. од Прилеп. Во претрес во неговиот дом и помошните простории во Прилеп, врз основа на судска наредба од Основниот суд  Прилеп, се пронајдени и одземени се 13 боеви куршуми различен калибар, рамка за пиштол, помошна рамка за куршуми од пушка, 167 пиротехнички средства, 21 парче муниција за гасен пиштол, сигнален куршум, регулатор за гасови за сигнален пиштол, 12 испукани чаури, како и 64 различни монети и други предмети.

По документирање на настанот, против П.В. ќе следува соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ