Приведен е 18-годишник од село Палатица поради повеќекратни лажни дојави за поставени бомби во училишта во Тетово. По извршени проверки се потврди дека сите дојави биле лажни. М.Р.(18), бил приведено во полициска станица, а при претрес во неговиот дом биле одземени повеќе електронски уреди. Истражните органи го документирале случајот, а по целосно расчистување, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












