Уапсен 18-годишник од Кичево, усмртил пешак со автомобил, побегнал па се вратил, но без автомобилот

26

Полициските службеници од ОВР Кичево вчера го привеле 18-годишниот Ф.Л. од Кичево, откако на булевар „Ослободување“ со автомобил „Цитроен Саксо“ удрил во пешак.

Несреќата се случила утрото околу 06:55 часот, кога возилото удрило во 82-годишниот С.Ш. од Кичево, по што возачот првично го напуштил местото, но кратко потоа се вратил без автомобилот.

Повредениот пешак со тешки повреди бил пренесен од кичевската болница во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што вечерта околу 21 часот починал.

Од МВР информираат дека осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ