На 23.09.2025 во 19:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар во присуство на родителот Џ.Х. од Гостивар, лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар. Малолетникот се сомничи дека одзел патничко моторно возило ,,форд фокус“ со кичевски регистерски таблици пријавено од Ф.К. од Кичево.
Возилото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.