Уапасен е маж на возраст од 40-тина години во врска со кибернападот што го наруши работењето на европските аеродроми

61

Машко лице на околу 40 години е уапсен во врска со кибернападот што ги оневозможи автоматизираните системи за пријавување на некои од најпрометните аеродроми во Европа минатата недела, објавува „Си-ен-ен“.

Мажот, кој беше уапсен во Западен Сасекс, Англија, во вторник вечерта, е приведен под сомнение за кршење на Законот за злоупотреба на компјутери, изјави за „Си-ен-ен“  Националната агенција за криминал (NCA). Тој е ослободен со условна кауција.

„Иако ова апсење е позитивен чекор, истрагата за овој инцидент е во рана фаза и е во тек“, рече Пол Фостер, раководител на Националната единица за киберкриминал на NCA.

„Кибернападот е постојана глобална закана што продолжува да предизвикува значителни нарушувања во Велика Британија. Заедно со нашите партнери тука и во странство, NCA е посветена на намалување на таа закана за да ја заштити британската јавност“, додаде тој.

ИЗДВОЕНИ