Најтрофејниот македонски ракометен клув Вардар ја продолжи соработката со Џуниор Тузолана, кој ќе го носи црвено – црниот дрес до крајот на натпреварувачката 2026/2027 година.

Тузолана пристигна во Вардар, во септември како краткорочно засилување на позицијата лево крило, но со својот настап, ангажман и енергија брзо се наметна како играч што дава стабилност и сигурност на тимот, поради што управата без двоумење ја активираше опцијата за продолжување на договорот.

„Тузолана веднаш се вклопи во системот и покажа дека е подготвен да одговори на темпото и барањата на клубот. Неговото искуство од француската лига, брзината во транзиција и сигурната реализација донесоа важна димензија во нападот, а истовремено создадоа дополнителна конкурентност во ростерот.

Од неговото пристигнување, Вардар продолжи со силното темпо во домашното првенство и со серијата позитивни резултати во Европа.  Придонесот на Тузолана, иако во динамичен период на ротации и адаптација, беше препознаен и ценет, што ја потврдува и одлуката за продолжување на договорот.

Продолжувањето на соработката е силна порака дека Вардар размислува долгорочно и дека квалитетот и карактерот секогаш ќе бидат основа во изборот на играчи што го носат црвено-црниот дрес“, напишаа челниците на клубот на своите профили на социјалните мржи.

ИЗДВОЕНИ