
Мирот во Украина би можел да биде постигнат за неколку недели, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск по разговорот со членките на европските земји, Канада и НАТО.
Туск верува во тоа и покрај тоа што Кремљ предупреди дека ќе ја заостри својата преговарачка позиција откако го обвини Киев дека ја нападал резиденцијата на претседателот Владимир Путин. Киев за обвинувањето рече дека е неосновано и дека има целта ѝ била продлабочување на судирите.
„Мирот е на повидок, нема сомнеж дека се случиле нешта кои даваат причина за надеж дека оваа војна може да заврши, и тоа прилично брзо, но тоа е, сепак, надеж, далеку од 100 отсто сигурно“, рече Туск на седницата на полската влада.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека по разговорот со украинскиот претседател Владимир Зеленски во неделата дека се „се поблиску, можеби и многу блиску“ до договор за завршување на војнатам иако и понатаму има „чувствителни прашања“.
Зеленски рече дека уште не е решено прашањето за контрола над нуклеарната електрана Запорожје, која е во руски раце, како ни судбината на Донбас на истокот на Украина. Русија сака Киев да се повелече од делови од Доњецката област кои не успеале да ги освојат во речиси четири години војување.
Киев сака борбите да прекинат на сегашните линии, а Вашингтон предлага слободна слободна трговска зона ако се повлечат украинските војски.










