Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека мировните преговори за ставање крај на војната на Русија против Украина се „далеку од завршени“ и рече дека Западот и Украина мора да останат обединети.
„По вчерашните разговори со европските лидери, стана јасно дека западните земји и Украина ќе ја изгубат конфронтацијата ако Русија успее да ги подели и да ги диктира условите за мир. Изјавата за учеството на САД во безбедносните гаранции е успех. Но, преговорите се уште се далеку од завршени“, рече Туск на платформата X.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида во неделата. Тие разговараа за условите за воспоставување мир меѓу Украина и Русија.












