петок, јули 18, 2025
Дома БАЛКАН Турското обвинителство бара петгодишна затворска казна за новинарот кој го критикуваше Ердоган

Турското обвинителство бара петгодишна затворска казна за новинарот кој го критикуваше Ердоган

222

Турското обвинителство побара денеака казна затвор од пет години за турскиот новинар Фатих Алтајли, кој беше уапсен во јуни поради закана кон претседателот на државата Реџеп Тајип Ердоган, соопшти тамошната група за човекови права МЛСА.

Новинарот има 2,8 милиони следбеници на платформата „Икс“ и повеќе од 1,5 милиони претплатници на Јутуб, каде што водеше секојдневна кампања. Коментирајќи ја анкетата која покажува дека 70 отсто од Турците биле против доживотно претседателство на Ердоган, Фатих Ајлтајли потсети дека неколку османски султани на крајот биле убиени или удавени.

Обвинителот тога побара негов притвор, тврдејќи дека тој коментар бил закана кон турскиот претседател. Во текот на претходните сослушувања новинарот рече дека само го изнел „историскиот контекст“, без никаква закана,

По апсењето на новинарот кон крајот на јуни, десет новинарски организации и организации за слободата на изразување побараа негово ослободување од турските власти.

„Повикуваме на итно ослободување на Фатих Алтајли и ги повикуваме турските власти да престат да ги користат правните дупки за прогон на новинари“, соопштија организациите, вклучувајќи ги „Репортери без граници“ и „Комитетот за заштита на новинарите“.

„Тоа апсење е јасна злоупотреба на кривичниот закон насочен кон замолчување на критички политички коментари“, наведоа организациите кои го потпишаа повиок за ослободување на Алтајли, меѓу кои се и „Меѓународниот институт за печат“, „Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите“ и „Европската федерација на новинари“.

РСФ ја рангира Турција на 159-тото место од 180 земји по слободата на печатот, а на тој список се наоѓа меѓу Пакистан и Венецуела.

Премиерот од 2023 до 2014 година пред да биде избран за претседател, Ердоган според Устав не може повторно да се кандидира по истекувањето на мандатот во 2028 година. Меѓутоа, распишувањето предвремени избори или уставни реформи би можеле да му овозможат да остане на власт.

 

ИЗДВОЕНИ