Турскиот министер за транспорт казнет за пребрзо возење

57

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу беше казнет со 280 долари откако беше фатен како вози со 225 километри на час на автопатот Анкара-Нигде, што е речиси двојно повеќе од законската дозволена брзина од 140 километри на час.

Видеото што го објави го покажува неговиот автомобил како брзо поминува покрај други возила, придружено со народна музика и извадоци од говорот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави Ројтерс.

Турскиот министер се извини јавно, објавувајќи фотографија од казната на социјалните мрежи и пишувајќи: „Се извинувам на нашата нација“.

Официјалните податоци покажаа дека 6.351 лице загинало во речиси 1,5 милиони сообраќајни несреќи во Турција минатата година, објави Танјуг.

ИЗДВОЕНИ