Турски воен транспортен авион Ц-130, кој леташе од Азербејџан, се урна во Грузија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
- Длабоко сме ожалостени од веста дека еден од нашите воени авиони Ц-130, кој леташе од Азербејџан кон нашата земја, се урна во близина на границата меѓу Грузија и Азербејџан, изјави претседателот Ердоган на настан во турската престолнина Анкара.
- Нашите операции за пребарување и спасување продолжуваат во координација со националните власти. Нека Бог им се смилува на нашите маченици, додаде тој.
Министерството за одбрана, исто така, на профилот на социјалните мрежи соопшти дека „операциите за пребарување и спасување започнаа во координација со грузиските власти“.
Не беа објавени информации за тоа колку луѓе биле на авионот или за евентуални жртви.











