петок, февруари 20, 2026
Дома СКОПСКА Турски туристи спасени откако се загубиле кај кањонот Матка

Турски туристи спасени откако се загубиле кај кањонот Матка

62

Турски туристи што се наоѓале спроти ресторанот „Кањон Матка“, вчеравечер безбедно биле префрлени преку езерото.

Центарот за управување информира дека вчеравечер, на бројот 112 била добиена пријава од нив дека се загубиле и оти не може да се движат во мракот, па побарале помош да преминат на другата страна, каде што се наоѓаат ресторанот и пешачката патека.

– За таа цел, било потребно пловно превозно средство (кајче, чамец). Регионалниот ЦУК Скопје координираше со институциите од Системот за управување со кризи и информираше дека веднаш биле известени за ова ПС Сарај и Општина Сарај и, според повратните информации, за околу еден час странските државјани биле извлечени од местото каде што се наоѓале и потоа безбедно биле префрлени преку езерото, односно акумулацијата „Матка“ – информираа од ЦУК.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ