Авион „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита. Дирекцијата за цивилна заштита добила извештај за исчезнувањето на авионот од радарот од Хрватската контрола на воздушната пловидба во 16:53 часот, а во 17:11 часот пристигна извештај за падот и пожарот.
По падот на турскиот авион АТ-802 во близина на Сењ, во кој загина едно лице, вицепремиерот и министер Давор Божиновиќ разговараше со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликај и изрази сочувство за трагичниот настан, соопшти хрватската Влада.
„Полицијата и сите служби за итни случаи реагираа веднаш по пријавувањето на инцидентот. Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ разговараше со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликај и изрази сочувство за трагичниот настан“, се наведува во соопштението на Владата на социјалната мрежа X.
По приемот на извештајот за исчезнувањето на турскиот авион од радарот и неговото паѓање, започнала обемна потрага, во која учествувале сите служби за итни случаи. По пристигнувањето на местото на несреќата, пронајдено е телото на едно лице, пилотот.
Поради густата магла, утре наутро се очекува увид на лице место. Пожарникарите од Сењ ќе останат на должност на местото на несреќата до пристигнувањето на истражителите.












