Турнир во мал фудбал по повод Денот на независноста

22

Здружението на граѓани за спорт и култура „Солидарност М“ од Скопје, традиционално, по 18. пат, ќе го организира турнирот во мал фудбал „8 Септември“, под покровителство на Општина Гази Баба.

На турнирот по повод Денот на независноста на државата, над 60 екипи и 720 натпреварувачи ќе се борат за трофејот. Натпреварите ќе се играат на игралиштето со вештачка трева во градинката „Детелинка“ во Маџари, и тоа секојдневно, во попладневни и во вечерни термини.

– Целта е да ја негуваме традицијата на Денот на независноста на државата, да го промовираме здравиот начин на живот кај младите, како и да создадеме заедништво преку спортот – велат организаторите.

ИЗДВОЕНИ