Авиокомпанијата „Ер Европа“ ја прифатила понудата на „Туркиш ерлајнс“ од 300 милиони долари за стекнување на малцински удел од 26% во задолжениот шпански превозник. Со тоа се започнати и процедурите за склучување на договорот меѓу двете компании.

Трансакцијата вклучува инвестиција од 300 милиони евра, од кои поголемиот дел е во форма на зголемување на капиталот што потоа ќе се претвори во акција, чиј удел ќе биде финализиран во наредните месеци. Пропорцијата на малцинскиот удел што ќе се стекне ќе биде финализирана по техничките и финансиските приспособувања што ќе се направат при склучувањето на договорот.

Од „Туркиш ерлајнс“ изјавија дека процесот треба да биде завршен во рок од шест до дванаесет месеци, под услов да бидат одобрени од надлежните регулаторни органи, вклучително и шпанската влада. „Глобалија“, шпанската туристичка група, поседува 80% удел во „Ер Европа“. Останатите 20% ги поседува сопственикот на „Бритиш ервејс“, ИАГ.

Овој потег доаѓа две недели откако конкурентските понудувачи „Луфтханза“ и „Ер Франс-КЛМ“ се откажаа од преговорите за преземање на удел во шпанската авиокомпанија.

Минатата година, ИАГ се откажа од обидот целосно да го преземе шпанскиот превозник поради регулаторни ограничувања.

ИЗДВОЕНИ