Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс ќе го продаде својот 49-процентен удел во „Ер Албанија“, јавија албанскиот информативен портал „Шчиптариа“ и англиското издание на турскиот портал „Хаберлер“.

– Авиопревозникот навремено ќе ги информира инвеститорите за понатамошниот развој на настаните – се вели во соопштението.

„Туркиш ерлајнс“ соопшти дека „Ер Албанија“ која е национален превозник на Албанија, е основана во ноември 2017 година со капитал од 30 милиони долари и дека ќе работи во патнички и товарен превоз, а официјално почна со работа во септември 2018 година.

„Ем Ди Ен Инвестмент“ (MDN Investment) и Албанската државна компанија за аеронаутички услуги „Албконтрол“  ја претставуваат владата на Албанија, поседуваат 41 и 10 проценти, соодветно во „Ер Албанија“.

Продажбата на акциите на „Туркиш ерлајнс“ во „Ер Албанија“ доаѓа во момент кога турскиот авиопревозник ги преиспитува своите меѓународни инвестиции и стратегијата за проширување. Во август годинава, „Туркиш ерлајнс“ купи малцински удел во „Ер Европа“ за 300 милиони евра

 

 

ИЗДВОЕНИ