Секторот туризам и официјално премина од Министерството за економија во Мминистерството за култура и туризам откако вчера во Собранието беа изгласани измените на Законот за туристичка дејност.
-Вчера на пленарна седница во Собранието на Македонија беше изгласана предлог- измената на Законот за туристичката дејност во која она што го ветивме претходн,о дека ќе се угасне Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и сите постапки и сите вработени ќе преминат на една адреса, а тоа е Министерство за култура и туризам, конечно заврши. Се надевам по осумте дена по објавувањето во Службен весник ќе пристапиме кон превземање на вработените, на имотот и се она што поседува Агенцијата за поддршка на туризмот. Она што е особено важно е што сега сите адреси ќе бидат упатни само кон една институција и повеќе нема да е плаќа кирија која ја плаќаше оваа Агенција во Градскиот трговски центар, туку обезбедивме нови просторни услови за работа. Тие ќе се наоѓаат во зградата која сега ја користи Министерството за енергетика, поточно првите два спрата, посочи министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој додаде дека на овој начин ќе се намалат трошоците ќе се добијат посоодветни услови за работа, на поцентрално и повидливо место.
Со ова околу триесетина вработени од Агенцијата за поддршка на туризмот ќе преминат под Министерството за култура и туризам.
Министерот Љутков посочи дека веќе е направена и средба со туристичките водичи од Македонија и на работен состанок е формирана работна група на која е донесен заклучок за спроведување на кативности со кои би се спречило нелегалните туристички водичи да ја искривуваат македонската историја.