Туристи кои се на одмор во грчките одморалишта Никити и Неос Мармарас почувствуваа силен земјотрес кој попладнево го погоди полуостровот Атос. Како што пренесува српски Блиц, многу туристи попладнево добиле порака со предупредување за силен земјотрес!
Најпрво добиле известување на мобилните телефони да бидат внимателни бидејќи се вообичаени последователни потреси, а потоа како да останат безбедни по земјотресот.
“Облечете ги чевлите пред да одите каде било, дури и во соседната соба. Проверете го гасот на уредите ако почувствувате миризба и исклучете го главниот приклучок во зградата. Ако тоа не е можно, напуштете ја просторијата. Избегнувајте оштетени згради, напуштете ја зградата ако изгледа дека може да се урне”, пишувало во предупредувањето.
По неколку минути, пристигнало уште едно известување со пет дополнителни безбедносни совети:
– Земете залихи за итни случаи: ако водата е исклучена, користете залихи за итни случаи, како што се вода од бојлер или стопен коцки мраз.
– Изгаснете ги малите пожари, доколку тоа не е можно, напуштете го просторот
– Проверете дали се оштетени електричните инсталации, водоводните цевки и апаратите
– Ако видите дека инсталациите се прекинати, исклучете го главниот осигурувач.
– Преместете се на поголема надморска височина: Ако сте на брегот, движете се штом ќе престане земјотресот за да избегнете цунами
– Избегнувајте предмети што паѓаат, очекувајте последователни земјотреси, пренесува Blic.
Инаку, земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска грчкиот полуостров Света Гора, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот го погоди западниот брег на Света Гора, во близина на манастирите Дохијар и Констамонит. Регистриран е во 12 часот и 46 минути, а хипоцентарот бил на длабочина од пет километри.
Веднаш по овој земјотрес, областа ја погодија уште пет земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,1 степени. Земјотресот бил почувствуван и во Турција, Бугарија и Македонија.