Грција се смета за омилена дестинација за одмор на Македонците кои, иако е јуни, веќе ги полнат плажите пред почетокот на летната сезона.
Без оглед на зголемувањето на цените, Грција останува омилена дестинација за српските туристи поради ниските цени во споредба со другите крајбрежни земји, а најголем број гости го избраа Неос Мармарас како своја дестинација.
Како што објавува Курир.рс, туристите се шокирани од актуелните цени.
Имено, за време на предсезоната, на многу места се дозволуваше користење на лежалки и чадори за сонце со еден нарачан пијалок (кафе/сок), но ситуацијата се промени на почетокот на јуни.
Сега изнајмувањето сет составен од две лежалки и чадор за сонце чини од 10 евра, па сè до 20 евра на некои места.
– Пристигнавме кон крајот на мај и сè беше исто како порано – кафе за 4 евра, лежалки бесплатно. Сега бараат 12 евра само за да легнете, а плаќате дополнително за пијалок. Но, па… разбираме дека и тие сакаат да заработат – изјави за Курир.рс, еден турист.
Според туристите, ова се моменталните цени во Грција:
Кафе, сок – 4 евра
Оброк на плажа (гирос, бургер, сувлаки) – околу 8 евра по лице
Семеен ручек во ресторан – 50 евра за четири лица
Комплет лежалки – од 10 до 20 евра на ден.