Туристичкиот локалитет „Бучинско езеро“ нуди простор за релаксација и рекреација

131

Општина Илинден го пушти во употреба новото спортско-рекреативно катче околу „Бучинското Езеро“ во населеното место Бучинци.

Се работи за целосно преуреден туристички локалитет што нуди простор за одмор, спорт, релаксација, рекреација и дружење на отворено.

-Просторот околу езерото е партерно уреден и поплочен со нови бекатон плочки, изградени се пешачка патека долга 60 метри, како и платформа за прошетка и одмор. Исто така, тампониран е и пристапен пат од 100 метри. А за љубителите на риболовот е изработена специјална платформа за риболов  – соопштија од Општина Илинден.

Оттаму додаваат дека местото е осветлено со нови енергетски ефикасни канделабри, оти се поставени клупи за одмор и корпи за отпадоци, а централниот летниковец нуди пријатна сенка и простор за дружење и уживање.

Од Општината велат дека сето ова, го прави „Бучинско езеро“ идеален простор за релаксација и рекреација.

-Со овој проект на жителите на општина Илинден, но и на сите граѓани од околината, им обезбедивме едно модерно, пристапно и функционално јавно место во кое ќе можат да уживаат и да го поминуваат слободното време. Ова не е само исполнето ветување, туку инвестиција во квалитетот на секојдневието на граѓаните од сите населени места во општина Илинден – изјави градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

ИЗДВОЕНИ