петок, февруари 20, 2026
Дома СВЕТ Туристички автобус потона во најдлабокото езеро во светот – загинаа седум лица:...

Туристички автобус потона во најдлабокото езеро во светот – загинаа седум лица: Мразот испукал одеднаш

47
Фото: screenshot SLICE youtube

Телата на седум лица се пронајдени на местото каде што теренското возило „УАЗ“ падна под мразот на Бајкалското Езеро во Иркутската област, во Русија, соопшти денес регионалната администрација на Министерството за вонредни ситуации.

„Спасувачите извршија увид со употреба на подводна камера. Пронајдени се тела на седум лица. Планирани се нуркачки активности“, се вели во соопштението, пренесува Интерфакс.

Според властите, за време на патувањето, „УАЗ“, кое превезувало туристи, паднало во пукнатина од мраз широка три метри, додека длабочината на местото на несреќата е 18 метри.

Најдлабокото езеро во светот, кое се наоѓа северно од Монголија, е популарна туристичка дестинација.

Обвинителството на регионот Иркутск објави дека е покрената кривична постапка и дека се истражуваат околностите.

Кинескиот туризам во Русија порасна во последните години поради политичкото зближување на двата соседа и стратешкото партнерство „без ограничувања“ објавено минатата година, кога беше воведен режим на безвизно патување.

ИЗДВОЕНИ