Лежалките на плажа често се извор на контроверзии меѓу туристите, особено кога гужвите и побарувачката се големи. Иако изгледа како незначаен детаљ, среде жежок ден и уште пожешки страсти, борбата за најдоброто место покрај морето може да прерасне во вистинска сцена од реално шоу, наведува Блиц.
Така беше овој пат на Родос во Грција, каде што туристите се истепаа за лежалки – оние во првиот ред до морето. Целиот инцидент беше снимен со камера, а снимката се појави на Инстаграм страницата „grckainfo“ и стана вирална за кратко време.
„Некој навистина ја сфати „борбата за место под сонцето“ премногу сериозно… Реалити програма во живо од Родос“, пишува во описот на видеото на гореспоменатата Инстаграм страница.
View this post on Instagram
Како што можете да видите на видеото, сè започна кога еден маж се приближи до лежалката и ги фрли работите што беа на неа. Очигледно, тој го сторил ова додека друг маж – кој, како што се претпоставува, изнајмил лежалка, бил во непосредна близина и гледал сè.
Откако забележал дека неговите работи летаат, без размислување го нападнал „натрапникот“ и почнал да го удира.
Се развила жестока тепачка за едно место на плажата.
За среќа, конфликтот не траел долго. По неколку секунди, другите туристи скокнале и ги разделиле двајцата мажи, кои потоа се оддалечиле еден од друг.