Една од нашите со години најпопуларни ТВ- водителки, Лила Филиповска, и овој пат никого не остава рамнодушен. Таа е на море во Турција, каде што се сонча на плажа во црвен костим за капење со провокативно длабоко деколте. Максимално го привлекува погледот на речиси секој Турчин. Надалеку е познато дека Турците ги обожаваат нашите Македонки не само поради физичката привлечност туку и поради харизмата. Јавна тајна е дека Лила е една од оние што имаат свои обожаватели таму. Накратко кажано, летото без жешката Лила во Турција, во жешката Анталија, стана незамисливо. Дали сме во право? (Д. М.)