Турците и Србите биле најбројни туристи во Македонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември нè посетиле 32.950 Турци, 8.830 Срби, 6.615 Германци и 3.577 Полјаци, или вкупно во земјава престојувале 132.999 туристи кои оствариле 262.686 ноќевања. Дури 75,4% се странски туристи кои оствариле 68,2% од ноќевањата, а 24,6% се домашни со 31,8% од ноќевањата.

За деветте месеци од почетокот на годинава бројот на туристи е зголемен за 5,8% во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи има намалување за 1,4%, а кај странските растот е за 9,6%.

ИЗДВОЕНИ