Турција станува клучен играч во прекинот на огнот во Газа?

470

Турција планира да учествува во „работна група“ за следење на прекинот на огнот во Газа. Ердоган задоволен од целокупната ситуација.

Турција има намера да учествува во „работна група“ за следење на прекинот на огнот во Газа и спроведувањето на договорот, изјави во четврток турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Висок турски функционер за „Ројтерс“ изјави дека Турција ќе учествува во заедничка работна група, заедно со Израел, САД, Катар и Египет, за лоцирање на телата на мртвите заложници во Газа чие местоположба е непознато.

Турција, која учествуваше во преговорите за прекин на огнот во Египет, е еден од најострите критичари на израелскиот напад врз Газа, нарекувајќи го геноцид. Откако Израел го започна нападот врз Појасот Газа пред две години, Турција претежно учествуваше директно во мировните напори, но во последните недели презеде позначајна улога.

ИЗДВОЕНИ