Турција ја погоди силен земјотрес

33

Земјотрес со јачина од 5,0 степени по Рихтеровата скала денес ја погоди западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри оддалеченост од покраината Текирдаг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, наведоа медиумите.

Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.

ИЗДВОЕНИ