Дури по цела една деценија, „Тумбао салса бенд“ повторно ја разбранува скопската публика со вечерашниот голем концерт во Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот.

На сцената на МОБ, заедно со бендот настапија и специјалните гости Ивана Стојановска, Биљана Ѓошева, Ристо Самарџиев и Мики Јовановски-Џафер.

Како и што вети Ренџов, „Тумбао салса бенд“ им понуди на присутните гала-вечер на македонско-кубанско-карипска музичка релаксација за сите наши сетила, со неизбежна доза џез.

Фото:П.Стојановски














