Дали е во најава продолжение на француската политичка криза? Откако премиерот Себастијан Лекорну во неделата вечерта го објави составот на новата влада, во која главните места останаа непроменети, левицата и крајната десница во понеделник поднесоа барања за гласање на доверба.
Гласањето се очекува в четврток и нејасно е дали новиот француски премиер ќе собере доволно гласови за да го преживее бидејќи социјалистите и натаму бараат поништување на пензиските реформи и воведување данок за милијардери.
Лекорну, кој влезе во француската историја како премиер со најкраток мандат од само 27 дена, по вторпат се нафати да формира влада. Сега тој не ја исклучува можноста за повторна оставка доколку не може да ја исполни својата мисија. Новата влада првпат се состана во понеделник и до среда мора да го претстави буџетот.