Туфегџиќ: Новиот јавен обвинител треба да направи ревизија на неколку проблематични предмети во ОЈО, за да нема недоверба во јавноста

67

Владимир Туфегџиќ и Еленко Миланов вечерва гостуваа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. Адвокатите зборуваа за смената на јавниот обвинител, а Туфегџиќ кажа дека новоизбраниот треба да направи ревизија на неколку проблематични предмети во Јавното обвинителство.

„Новиот јавен обвинител веднаш да спроведе контрола на законите во неколку предмети на сите обвинители по случаен избор. Јас ви гарантирам дека таму ќе испливаат на површина јавни обвинители кои имаат хроничен проблем со обвиниение, со начинот на постапување, со менаџирање на постапка, со прибирање на докази и конечно, јавното обвинителство ќе добие една реална слика кој како постапува, и ќе видите дека шест месеци колку трае истрага, една половина не е преземено ниту едно дејствие“, рече Туфегџиќ.

ИЗДВОЕНИ