петок, јануари 23, 2026
Дома СВЕТ Труман нудел 100 милиони долари во злато за Гренланд, а Трамп сега...

Труман нудел 100 милиони долари во злато за Гренланд, а Трамп сега би морал да „искешира“ 700 милијарди

172

Сединетите Американски Држави можеби ќе мораат да издвојат 700 милијарди долари ако сакаат да ја постигнат целта на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд, објави американската телевизија „НБЦ њуз“, повикувајќи се на три извори запознаени со процената на трошоците. Процената е направена од експерти и поранешни американски функционери како дел од планирањето околу обидот на Трамп да го стекне островот како стратешка тампон зона на Арктикот против најголемите противници на Америка, велат овие луѓе.

Иако официјални лица од Данска и Гренланд ги отфрлија тврдењата на Трамп дека Вашингтон ќе го стекне Гренланд „на еден или друг начин“, висок функционер од Белата куќа изјави дека американскиот државен секретар, Марко Рубио, добил инструкции да излезе со предлог за купување на Гренланд во наредните недели, опишувајќи го таквиот план како „висок приоритет“ за Трамп.

Додека некои претставници на администрацијата на Трамп изјавија дека САД би можеле да употребат воена сила за да го заземат островот со 57.000 жители, други членови на администрацијата и надворешни сојузници на Белата куќа гледаат обид на САД да го купат Гренланд или да формираат нов сојуз со него како поверојатен исход. Другата опција што се разгледува вклучува формирање на она што е познато како договор за слободна асоцијација со Гренланд, договор што би вклучувал финансиска помош од САД во замена за дозвола САД да имаат безбедносно присуство таму, што би била поевтина опција од купувањето за 500 до 700 милијарди долари, објави американската телевизија. НБЦ потсетува дека во 1916 година САД се согласиле да купат острови на Карибите од Данска, а за возврат признале дека „нема да имаат никаков приговор“ на фактот дека данската влада има политички и економски интереси врз целиот Гренланд.

Ова не е прв обид САД да го стекнат Гренланд. Америка сакала да ги купи Гренланд и Исланд од Данска уште во 19 век, кратко по купувањето на  Алјаска од Русија, во 1867 година. Тој договор пропаднал, но не и напорите на САД да дојдат до сопственост над Гренланд, па се разгледувала и можноста за негова размена за американска територија на Филипините. По Втората светска војна,  кога Германија ја окупираше Данска, а САД ја презедоа одбраната на островот, американскиот претседател Хари Труман ѝ понудил на Данска 100 милиони долари во злато за островот, но Данска не прифатила. Оваа понуда на Труман не беше позната сè до 1990-тите години.

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ