Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши кадровски промени во дел од градските јавни претпријатија, со назначување нови в.д. директори на „Дрисла“ и на „Градски паркинг“.
На чело на „Дрисла“ е Стевче Трпковски, поранешен градоначалник на Општина Сопиште во три мандати. Тој доаѓа на местото на Самир Хусени, кој ја извршуваше функцијата во периодот кога со Град Скопје раководеше Данела Арсовска. Нов в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ е Владимир Кроневски, на местото на Мартин Гаврилски.












