Тротинетите не се доволни, да се воведе можноста за изнајмување велосипеди

42

Скопјани бараат повторно воведување на можноста да се изнајмуваат велосипеди како алтернативно, но и еколошко средство за превоз кое ќе им овозможи да го избегнат градскиот метеж и побрзо да си ги завршат своите обврски. Турската компанија „Бин-бин“ пред две години преку ЈП „Градски паркинг“, кое обезбеди базни станици, започна со проектот за изнајмување на електрични тротинети, па на скопјани им стави на располагање околу 500. Но, изгледа на граѓаните тие не им се доволни. Додека останатите европски градови воведуваат, како на пример Загреб кој деновиве пушти во  оптек 2.000 нови велосипеди, распоредени на 180 паркинг места, нашиот главен град, се откажа од проектот за изнајмување на велосипеди кој траеше од 2010 до 2016 година, а како што стојат работите за сега немаат намера да го продолжат

 

Скопјани бараат повторно воведување на можноста да се изнајмуваат велосипеди како алтернативно, но и еколошко средство за превоз кое ќе им овозможи да го избегнат градскиот метеж и побрзо да си ги завршат своите обврски.

Турската компанија „Бин-бин“ пред две години преку ЈП „Градски паркинг“ кое обезбеди базни станици, започна со проектот за изнајмување на електрични тротинети, па на скопјани им стави на располагање околу 500. Но, изгледа на граѓаните тие не им се доволни.

Додека останатите европски градови, како на пример Загреб кој деновиве пушти во  оптек 2.000 нови велосипеди распоредени на 180 паркинг места, нашиот главен град, се откажа од проектот за изнајмување на велосипеди кој траеше од 2010 до 2016 година.

Во 2021 година ЈП „Градски паркинг“ донесе одлука да ги продаде сите велосипеди и тротинети кои без купени за проектот „Изнајми велосипед“. Овој проект функционираше само пет години, но и тогаш имаше проблеми во неговото спроведување. Велосипеди можеа да се изнајмат само на затворените паркинзи на ЈП „Градски паркинг“, а велосипедите за многу кратко време беа искршени или, пак, украдени.

Скопските велосипедисти сметаат дека ако Град Скопје навистина сака да понуди функционален одржлив транспорт мора да го следи примерот на метрополите и да им понуди на жителите и посетителите систем за изнајмување на велосипеди.

-Овој систем во Загреб со години функционира како приватно-јавна соработка, регулирани се локациите каде се оставаат велосипедите (за разлика од скопските тротинети) и цената за изнајмување е навистина ниска – нагласуваат од „На точак“.

Додаваат дека системот за јавни велосипеди „Бајс“, во Загреб – нова услуга за јавен превоз ќе им биде достапна на граѓаните, почнувајќи од август, како дел од пошироката градска стратегија насочена кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, почист воздух и одржливо ветување.

И нашите градски власти имаа обиди ваквиот проект за изнајмување на велосипеди во 2019 година од ЈП „Градски паркинг“ да го префрлат на јавното сообраќајно претпријатие, но без успех.

Од Град Скопје не одговорија дали имаат намера повторно да го реализираат проектот за изнајмување на велосипеди преку ЈП „Градски паркинг“ и која е причината што до сега не се продолжи со овој проект. Од јавното претпријатие пак велат дека засега нема никакви индиции за продолжување на проектот.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ