Трошоците за храна зголемени за 733 денари

18

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во споредба со мај, покажуваат податоците што ги изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Според овие податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во јуни изнесувала 64.698 денари, а со изнајмен стан од 60 метри квадрати – 80.073 денари.

Зголемување од 733 денари има и кај храната и кај пијалаците во однос на мај. Пресметките на ССМ покажуваат дека за храна и за пијалаци во јуни, на едно семејство му биле потребни 23.167 денари.

– Имајќи ги превид горенаведените податоци, евидентно е дека откако завршија активните владини мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за два месеца е зголемена за 2 007,00 денари, додека кај храната и кај пијалаците за два месеца има зголемување за 1 678,00 денари – велат од ССМ.

ИЗДВОЕНИ