понеделник, јануари 19, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Трошоците во земјоделското производство пораснале за 3,3 отсто

Трошоците во земјоделското производство пораснале за 3,3 отсто

97

Цените во земјоделството за една година се намалиле за 1,6 %, но нивните трошоци се зголемиле за 3,3 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според нив, во делот на трошоците – инпут, во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, има зголемување на цените на тековно потрошените средства во земјоделството за 3 % и зголемување на цените кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството, за 6,7 %.

Најголем раст кај трошоците имаат цените на ветеринарните услуги, кои за една година пораснале за  32,6 %, добиточната храна поскапела за 7,8 %, а средствата за заштита на растенијата – за 4,3%.

На земјоделците им поскапеле и машините и опремата за 9,8 %, како и транспортната опрема за 5,8 % и одржувањето на објектите за 8,9 %.

Но, и покрај зголемените трошоци во изминатата година, сметајќи од септември, земјоделците ги намалиле цените на своите крајни производи, и тоа за 3,9 % кај растителното производство и за 5,5 % кај добиточното производство.

Цените на зеленчукот во септември, споредено со септември 2024 година, се намалени за 18,9 %.

Највисок раст на цените, пак, е постигнат кај добитокот за колење – од 13,9 % и кај цените на индустриските растенија, од 12,6%

ИЗДВОЕНИ