Тропската бура „Марио“ се формираше денеска пацифичкиот брег на Мексико и се очекува да донесе ветер, дожд и можни ненадејни поплави, соопшти Американскиот центар за урагани.
Во метеоролошкиот извештај бурата Марио е опишана како „мини“ бура, пренесува Еј-би-си њуз. На сила е предупредување на тропска бура во неколку делови од мексиканската сојузна држава Мичоакан.
Националниот центар за урагани со седиште во Мајами соопшти дека епицентарот на бургата „Марио“ е оддалечен околу 64 километри југозападно од Сихуатанехо во Мексико и околу 97 киломрѕти југоисточно од Лазаро Карденас, пренесува „Танјуг“.