Тројца Македонци ќе ја трчаат „Трката на џиновите“ на Алпите – една од најепските ултра планински трки во светот

53
Фото: Ohrid Ultra-Trail

Ултрамаратонците Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски – сите членови на ТРЕКС, ќе учествуваат на легендарниот Tor des Géants @tordesgeants – една од најепските ултра планински трки во светот!

Македонија за прв пат има свои учесници на оваа трка, а тие ќе застанат на стартот на 330 км авантура низ Алпите со 26.000 м висинска денивелација.

Што ја прави трката посебна?

Стартот и целта се во градот Курмајор, се трча низ Аостинската Долина во Италија и трката мора да се комплетира за 150 часа.

Само 1100 атлети стартуваат – 40% стигнуваат до целта. Попат има 43 точки за освежување, каде што учесниците можат да јадат, спијат и да добијат лекарска помош, ако е потребно.

Tor des Géants не е само трка – тоа е борба со себе, природата и времето. Само вистинските гиганти стигнуваат до крајот. Им посакуваме лесни нозе, добри временски услови и успешно патување низ Алпите!

ИЗДВОЕНИ