Сите тројца македонски учесници во овогодинешниот Тор де Џајантс (Tor des Géants @tordesgeants), ултрамаратонците Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски – сите членови на ТРЕКС, финишираа на нивното прво претставување на легендарната или една од најепските ултра планински трки во светот!

Преку неверојатен спортски перформанс и приказ за човечката издржливост, истрајност и упорност нашите тројца претставници од клубот Трекс Скопје –  Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски успеаја да ги минат исклучително тешките 335 километри со искачување и спуштање од 27000 метри во срцето на Алпите.

Жикица Ивановски трката ја заврши на 126та позиција со време од 108:59:40, Катерина Шиповиќ трката ја заврши на 397та позиција со време од 129:42:30 се Радмила Јованова во финиш влезе со време од 141:10:43 на 539та позиција. На настанот стартуваа 1100 тркачи а лимит на трката е 150 часа.

Овогодинашни победници во машка и женска категорија се Ричард Виктор (Франција) со време од 66:08:22 а во женска конкуренција Ноор Ван дер Веен (Холандија) со време од 79:34:30.

Тројца Македонци ќе ја трчаат „Трката на џиновите“ на Алпите – една од најепските ултра планински трки во светот

ИЗДВОЕНИ