Тројца карабинери загинаа во експлозија во куќа во близина на Верона – постои сомнение дека е подметната

57
Фото:принтскрин

Тројца карабинери загинаа, а 13 други се повредени во експлозија во куќа во близина на Верона за која постои сомневање дека е подметната, соопштија локалните власти утрово, пренесе „Бета“.

Две лица беа приведени по експлозијата во градот Кастел д’Акано, додека трето лице осомничено за нејзиното подметнување избега, соопшти полицијата.

„Додека нашите карабинери извршуваа судска наредба, тие беа погодени од намерна експлозија на резервоар за гориво“, изјави Клаудио Пагано, командант на полициската единица во Верона, за италијанската телевизиска станица Скај ТГ24.

Двокатната селска куќа беше полна со гориво, а експлозијата се случи кога властите ја отворија вратата, изјави регионалниот гувернер Лука Заја за истата телевизиска станица.

Ова беше втор пат властите да се обидат да ги иселат браќата и сестрите од нивниот дом во Кастел д’Акано, кои ја населуваа напуштената зграда пред околу една година. Тие претходно се заканија дека ќе ја дигнат куќата во воздух, тврди Заја.

ИЗДВОЕНИ