Српската пејачка Сара Јо вчеравечер настапуваше во Скопје, а нејзиниот концерт наместо очекуваното спектакуларно шоу, се обои во најдлабоката емоција и претставуваше еден од најтрогателните моменти на кои сведочела скопската публика.
Имено, во еден миг, во чест на Панчо кој бил нејзин близок пријател, пејачката ја изведе песната од групата ДНК, „Ако утре ме нема“ и самата крахираше на сцената.
Нејзините солзи и растреперениот глас допре до сите присутни.
Пред да започне, пејачката се обрати до публиката со тивок, но искрен глас, испраќајќи порака дека верува оти Панчо ја гледа и дека секогаш ќе остане во нејзиното срце.
View this post on Instagram












