Екипата на Њујорк Никс се израдува на трофеј по пауза од 52 години. Тие го освоија НБА Купот, откако во финалето ги победија Сан Антонио со 124:113.
Херои на победата беа ОГ Ануноби со 28 и Џејлен Брансон со 25 поени.
Ова е првата титула на Никси во Купот и прв трофеј од 1973 година, кога беа по втор и последен пат шампиони на НБА.
Спарс водеа во поголемиот дел од натпреварот, но Никси го покажаа својот победнички карактер во последната четвртина. Клучна беше серијата од 13:1 што започна на крајот од третата четвртина, која му даде на Њујорк водство од 100:95 и не го испушти до крајот на натпреварот.
Покрај трофејот, победата им донесе и парични награди на играчите. Секој коашркар заработи по 530.000 долари.











